Утрински Весник
Економија

Бектеши: Работодавачите ќе можат да издаваат дозволи за вработените да доаѓаат и да си одат од работа во тек на полициски час

Бектеши: Работодавачите ќе можат да издаваат дозволи за вработените да доаѓаат и да си одат од работа во тек на полициски час

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Работодавачите од фирмите кои работат само во прва смена своето работење да го прилагодат на ограничувањата за движење за заштита од коронавирусот, а оние кои работат во две, три и четири смени ќе имаат можност да издаваат дозволи за своите вработените кои ќе важат само за одење и доаѓање од работа, порача министерот за економија Крешник Бектеши на онлајн информативна видеосесија КОВИД-19.

-Сопствениците и управителите на компаниите кои работат, втора, трета и четврта смена можат да им издаваат дозволи на совите вработени за доаѓање до работа и одење од работа до дома кои не треба да бидат заверени од Министерството за внатрешни работи. МВР ќе има право да ги контролира вработените и ќе може да ги санкционира доколку ги злоупотребуваат. Им препорачувам на фирите да ги почитуваат и сите препораки од Владата за заштита на здравјето на работниците, рече Бектеши.

Тој изрази надеж дека тоа ќе им помогне на економските оператори да ги завршат своите обврски, а државата да имовозможи  континуитет во создавањето продукти кои се повеќе од потребни во вакво време.

-Снабдувањето со основните производи во земјава моментално е одлично и нема основ за никаква паника, бидејќи се е под контрола, потенцира Бектеши.

Појасни дека во време на полицискиот час ќе можат да работат и сите ресторани и маркети што вршат он-лај продажба и испорачуваат храна.

-Тие ќе ги користат истите дозволи, појасни Бектеши.

Нагласи дека Државниот пазарен испекторат (ДПИ) ќе контролира дали некој ја злоупотребува ситуацијата и ги зголемува цените на призводите што се испорачуваат и ги повика граѓаните да пријавуваат на телефонот 191 доколку забележат такво нешто во продавниците или, пак, кај оние што ќе доставуваат храна.

-Сега не е време за профит, сега е време за солидарност и сите заедно да се бориме против коронавирусот. Нема да има никакви компромиси како што не сме направиле ни досега. Веднаш по објавувањето на вонредната состојба ние ги замрзнавме цените и ги вративме назад на нивото од 11 март цените на оние производи кои беа зголемени. На дневна база следиме што се случува, а испекторите на ДПИ се 24 часа на терен, рече Бектеши.

Посочи дека во моментов немаат забележано зголемување на цените на фактурите за увозни стоки и додаде дека Министерството за економија заедно со Царинската управа секојдневно ја следи состојбата и доклку забележи зголемување на цените ќе ги замрзнат како што веќе направија со јужното овошје каде цените веќе се враќаат во нормала.

За големите градежни компании посочи дека сами ќе треба да го организираат нивниот работен процес со почитување на сите препораки дадени од Владата и Министерството за здравство, односно да има растојание од 1,5 до два метра помеѓу секој работник и да користат средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици. вј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија