Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Бектеши-Петровиќ: Заеднички да ги надминеме предизвиците и да ја зголемиме конкурентноста кај земјите во регионот

Бектеши-Петровиќ: Заеднички да ги надминеме предизвиците и да ја зголемиме конкурентноста кај земјите во регионот
300x250 opst2

Министерот за економија Крешник Бектеши се сретна со амбасадорката на Црна Гора во нашата земја, Н.Е. г-а Марија Петровиќ.

Тие разговараа за предизвиците со кои се соочуваат сите земји од регионот на Западен Балкан, вклучително и негативните ефекти на пандемијата врз економиите, како и можностите за понатамошно унапредување на трговската соработка меѓу двете земји.

Амбасадорката Петровиќ упати честитка за изборот на новата Влада, како и за повторниот избор на министерот Бектеши за министер за економија.

Бектеши потенцираше дека двете земји имаат традиционално добра билатерална соработка, како и дека сите земји од регионот на Западен Балкан се соочуваат со исти или слични предизвици, а за нивно надминување потребна е заедничка соработка и реакција.

Двајцата се согласија дека кризата предизвикана од пандемијата, пред се врз економиите на Западен балкан е голем предизвик за сите земји.

Министерот ја информираше амбасадорката за политиките и мерките кои ги спроведе Владата во справување со последиците од пандемијата, пред се во делот на поддршка на економијата, за што двајцата се согласија дека со взаемната соработка може да се искористи моментот и посилни да влеземе во пост-ковид периодот.

Петровиќ и Бектеши потврдија дека двете земји негуваат одлично пријателство и соработка, почитуваат исти вредности, а тоа се Европската Унија и НАТО.

Се заложија на понатамошна соработка во насока на подобра економска соработка помеѓу двете земји, преку креативна и отворена континуирана дискусија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: “Скенерот” што го бара Али Ахмети е се вика Артан нон грата Груби!

Гичев: ДПМНЕ ги изневери граѓаните, време е за нова позитивна енергија и прогрес во Свети Николе

Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ