Утрински Весник
Економија

Бектеши: Отворен јавен повик за финансирање проекти на здруженијата на потрошувачите

Бектеши: Отворен јавен повик за финансирање проекти на здруженијата на потрошувачите

Министерството за економија го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства за реализација на проекти на здруженијата на потрошувачите.

За оваа намена се предвидени вкупно 2 милиони денари од Буџетот на Министерството за економија, објави министерот за економија Крешник Бектеши, по повод Меѓународниот ден на заштитата на правата на потрошувачите -15 март.

“Основната цел на нашата политиката за заштита на потрошувачите е унапредување и заштитата на правата на потрошувачите преку подобрување на законодавството, подобра информираност и едукација на потрошувачите, советување, едукација и дирекна финансиска подршка на невладиниот сектор-здруженија за заштита на потрошувачите за подигање на потрошувачката свест и култура на национално и локално ниво. Министерството за економија како надлежно министерство за заштита на потрошувачите ги следи политиките на Европската Унија.Во таа насока се и мерките кои што оваа година ќе ги спроведуваме во Програмата за заштита на потрошувачите“, напиша министерот Бектеши.

Според јавниот повик објавен на веб- страната на Министерство за екномија сите здруженија на потрошувачи имаат рок до 25 март да аплицираат.

Оваа година средствата од Програмата за заштита на потрошувачите на министерство за економија, според јавниот повик, ќе се насочат на: презентација на одредбите од новиот Закон за потрошувачи, подготовка и промоција на брошура и летоци за правата на потрошувачите, презентација на анализа за состојбата во однос на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, поддршка на невладините организации за заштита на правата на потрошувачите и координација на активностите за надзор и зајакнување на соработката помеѓу институциите вклучени во заштитата на потрошувачите и поддршка на невладиниот сектор за обезбедување информации и помош за потрошувачите, информира министерството за економија.

Од таму додават дека јавниот повик е на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/2920

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Промоција на бизнис подкаст на Бранко Азески и на публикации „Стратешки документи на Комората“ и „Нов договор за економски развој“

Германската компанија „Костел“ започнува трета фаза од инвестицискиот циклус

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси