Утрински Весник
Економија

Бектеши – Мартенс: Германските компании планираат да ги прошират своите инвестиции, ако останат истите услови за работа

Бектеши – Мартенс: Германските компании планираат да ги прошират своите инвестиции, ако останат истите услови за работа

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со директорот на Делегацијата на германското стопанство на Северна Македонија, Патрик Мартенс.

Тема на состанокот беше мерките кои што ги донесе Владата за поддршка на компаниите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата, како и плановите за работа на германските инвеститори во земјава.

„ Германските комапнии се едни од најголемите инвеститори во Северна Македонија, а ние како Влада сме во континуиран дијалог со бизнис заедницата се со цел мерките кои ги носиме за поддршка на бизнисот да се усогласени со потребите на компаниите. Како Министерство за економија сме подготвени веднаш по донесување на ребалансот на Буџетот да почнеме со реализација на мерките од Четвртиот сет мерки кои што се во наша надлежност“, потенцираше министерот Бектеши.

Тој информираше дека на барање на странските инвеститори МИнистерството за економија заедно со сите економски ресори во Владата работат интензивно на усогласување на царинските давачки во земјата со оние на Европската унија што ќе значи олеснување на работата на компаниите во земјава, пред се од автомобилскиот сектор.

„ Радува фактот што господинот Мартенс ме информираше дека повеќе германски компании се заинтересирани да отворат нови фабрики во Северна Македонија, но и дека голем дел од постоечките германски инвеститори планираат проширување на своите инвестиции во земјата“ потенцираше министерот.

Директорот на Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс кажа дека за компаниите во моментов најголем приоритет е предвидливоста во планирањето и правната сигурност.

„ Германските компании кои што работат во Северна Македонија, но и во Германија се соочуваат со проблеми во работењето предизвикано од пандемијата. Трговската размена меѓу Северна Македонија и Република Германија пред кризата ги сруши рекордите и достигна ниво од 4,4 милјарди евра, но како резултат на кризата сега доживува пад. Никој од нас не е сигурен кога ќе заврши пандемијата, но она што можам да кажам е дека добиваме позитивни сигнали од германските компании кои што работат во Германија и германските компании кои што работат во Северна Македонија. Тие сметаат дека штом ќе заврши пандемијата и доколку останат овие услови за работа и во иднина планираат да ги прошират своите активности и да ги зголемат своите инвестиции, дури има и интерес од нови инвестиции“ кажа Мартенс.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година