Утрински Весник
Економија

Бектеши: Кратењето на платите во јавната администрација воопшто не е отворено како тема

Бектеши: Кратењето на платите во јавната администрација воопшто не е отворено како тема

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Кратењето на платите во јавната администрација воопшто не е отворено како тема на разговор, не е разгледано како можност, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој ги отфрли како неточни информациите дека меѓу него и министерката за финансии има несогласувања особено за кратењето на платите во јавната администрација.

– Јас и министерката за финансии може да имаме различни ставови и на други теми, но ние сме дел од една Влада и последните одлуки ги носиме колективно како Влада и ги почитуваме. Не дека сме имале спротиставени ставови со министерката на оваа тема. Што се однесува до подготвувањето на ребалансот и на третиот сет економски мерки, имаме одлична соработка со министерката за финансии. Соработуваме на дневна основа за да создадеме што подобри мерки кои ќе бидат поддршка на стопанството и на граѓаните, истакна Бектеши. бак/са/  

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски: Пиперката се откупува непречено, имаме зголемување на субвенциите за 2025 година

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците