Утрински Весник
Македонија

Бектеши: За ДУИ приоритет е справување со пандемијата, а подготвени сме и оваа недела да има избори

Бектеши: За ДУИ приоритет е справување со пандемијата, а подготвени сме и оваа недела да има избори

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Министерот за економија и функциинер во Владата од ДУИ, Крешник Бектеши на новинарско прашање за датумот за одржување на парламентарните избори што беа одложени поради кризата со Ковид-19 вели дека за партијата е приоритет справувањето со панедмијата, подготвени се и оваа недела да има избори, но оти официјална одлука може да се очекува за кратко поради најавената лидерска средба.

– За ДУИ моментално приоритет е да се справиме со пандемијата од Ковид-19. За изборите што се однесува до ДУИ и други претставници на ДУИ веќе се изјасниле. За нас моментално приоритет е да се справиме со пандемијата КОВИД-19. Што се однесува до датумот на изборите како и секогаш ДУИ е спремна и оваа недела да има избори, но секако дека тоа ќе биде официјална одлука, која ќе се донесе може и за краток период имајќи предвид дека е веќе најавена и лидерска средба, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за мерките од Владата за помош на стопанството поради здравствено-економската криза.

Бектеши го повтори ставот дека не треба да има кратење на платите на администрацијата поради кризата. Тој посочува дека податоците за приходите во Буџетот се според поволното сценарио и оти се подготвуаваат и нови мерки.

Имавме прилика да ги видиме и последните податоци што се однесува до сценаријата и приходите во Буџетот на државата, значи моментално се движиме на поволното сценарио, но треба да се има предвид истовремено дека ние веќе креираме и нови мерки и за да ја поттикнеме потрошувачката дали е тоа приватна или јавна потрошувачка. Секако ние не треба да направиме такви кратења според моето предвидување, туку да се обидеме дополнително да даваме средства до граѓаните било во приватниот или во јавниот сектор. Во таа насока моментно работиме и како Министерство за економија, но истовремено и како економски тим во Владата, рече Бектеши. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Божиновска и Мицкоски да кажат каде се 1 милион евра?

Димитриевски: МАНУ им припаѓа на сите

ВМРО-ДПМНЕ: Од кога долг кон компанија е кривично дело?