Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Беким Сали е новиот министер за здравство, ветува еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги

Беким Сали е новиот министер за здравство, ветува еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги
Img 7972

Беким Сали од Алтернатива ја презеде функцијата министер за здравство од Венко Филипче. Вети дека ќе направи се’ што е во негова моќ, со цел здравствениот систем да биде што помалку ранлив, а што повеќе издржлив на предизвиците со кои се соочуваме, но и оние коишто допрва следат.

Како што рече, приоритети во неговата работа како министер ќе бидат превенцијата и еднаквиот пристап до квалитетни здравствени услуги, зголемувањето и зајакнувањето на капацитетите во здравствениот систем, како и координацијата и доследноста во унапредувањето и спроведувањето на работните политики. Покрај тоа, вели Сали, „бескомпромисно ќе се залагам за подобрување на статусот и условите во коишто функционираат здравствените работници и медицинскиот персонал“.

Истакна дека во ниту еден момент не смее да се заборави дека зад секоја статистика се наоѓаат граѓаните, коишто се најдиректно засегнати од она што се случува во здравството.

Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, му посака успех и среќа во извршувањето на функцијата.

„Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите“, наведе Филипче.

Досегашниот министер за здравство, претходно го сумира своето работење во изминатите четири години и рече дека продолжува да работи во интерес на пациентите и здравствените работници.

Можете да прочитате

Фамилијарни листи за советници на ЗНАМ: На листата во Струга цели фамилии со се братучеди и баџанаци 

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

Нова еколошка катастрофа во Крива Река по хаварија во рудникот Тораница