Поранешниот германски тенисер Борис Бекер се соочува со повеќе годишна затворска казна. Процесот против Бекер се води во Лондон. Бекер банкротираше во 2015 година поради долгот што го имал кон банкарската компанија „Arbuthnot Latham & Co“.
Бекер направил пропусти во пријавувањето на својот имот, поради што би можел да биде суден на седум години затвор. Тој пред судот се изјаснил дека не е виновен. Бекер изјавил дека го подмирил долгот од 3.900.000 евра, но стечајниот управник не бил задоволен.
Судот решил дека Бекер може да продолжи да се брани од слобода до следното рочиште кое е закажано за 22 октомври.
> Бекер се соочува со седум годишна затворска казна <