Утрински Весник
Магазин

Бекамови си исплатиле дивиденда од 21 милиони фунти

Бекамови си исплатиле дивиденда од 21 милиони фунти

Дејвид и Викторија Бекам имаат добивка од 21 милиони фунти од нивниот спортски и медиумски бизнис од 2019 година наваму, пренесуваат британски медиуми.

Ова е и покрај континуираните големи загуби во модниот бизнис на г-ѓа Бекам, во време на пандемија.

Добивката во „Дејвид Бекам венчрс лимитед“ (ДБВЛ), фирма која управува со брендот, сопственост на поранешниот фудбалер и неговата сопруга, падна за 3.5 милиони фунти на 11.3 милиони фунти во 2019 година.

Ова делумно се должеше на парите потрошени за експанзија и добротворни донации. Сепак, славната двојка си исплатила дивиденда од 14.5 милиони фунти на крајот на 2019 година, а во 2020 зеле дополнителни 7.1 милиони фунти.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Владо Георгиев го одложи концертот во Скопје поради трагедијата во Кочани

Млада Месечина во Риби на 18 март

Од борба за живот до роденденска прослава: Гибончето Мики полни една година