Брачната двојка Бекам се заразила на 1 март додека биле во Америка, а по враќањето во Велика Британија, на Дејвид му се слошило, а потоа и на Викторија Бекам.
По враќањето во Англија, тие одлучиле да го прослават 21. роденден на нивниот син Бруклин, на кој присуствувале многу гости, а многумина од нив ја напуштиле прославата заразени, пренесуваат британските медиуми.
„Тоа беше вистински кошмар. Дејвид отиде во Америка поради неговите обврски во клубот, а Викторија и неговото семејство отидоа со него. Тие беа на неколку настани, каде што Дејвид имаше промотивни должности, се ракуваше и се бакнуваше со навивачите на клубот”, вели близок пријател на двојката за странските медиуми.
Кога се вратиле во Велика Британија, на Дејвид му се слошило, а потоа Викторија почнало да ја боли грлото, а исто така имала и треска.
„Во исто време, неколку нивни вработени почнаа да развиваат симптоми. Викторија се испаничи и нареди целото семејство да биде ставено во карантин повеќе од две недели, бидејќи се плашеше дека ќе го рашират вирусот и ќе заразат други”, додаде пријателот на Бекамови.
Семејството Бекам одби да ги коментира обвинувањата.