Утрински Весник
Македонија

Без струја утре повеќе делови од Скопје

Без струја утре од Карпош и бензинската во село Чојле

Скопје, 1 јуни 2020 (МИА) – Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Зелениково, Илинден и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 16:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од село Таор, Општина Зелениково.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе станат дел од корисниците од улиците бр. 8, бр. 400 и бр. 500 во село Марино, Општина Илинден.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат објектите на „Скопски Пазар“ во населбата Тафталиџе 2, Општина Карпош. фф/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР