Утрински Весник
Македонија

Без струја делови на Ѓорче Петров и Бутел

Без струја делови на Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Аеродром

Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, од 9 до 11.30 часот без електрична енергија ќе останат корисници од ул. „Алекса Демниевски”, подулици: 1, 3, 5, 7 и 9, и делови од улиците „Мајски манифест” и „Ѓуро Салај” во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти РЦУК, од 9 до 12.30 часот струја ќе немаат и дел од ул. „Козле” во општина Карпош, од 9 до 14 часот – дел од ул. „Знеполе” во општина Ѓорче Петров.

Во истиот период од 9 до 14 часот без струја ќе бидат и делови од улиците „Штросмаерова”, „Вера Циривири”, „Никола Вукмировиќ”, „Ѓорче Петров” во општина Ѓорче Петров, ул. „Хо Ши Мин” од бр. 100 до бр. 130 во општина Бутел.

Од 12 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат и корисници од ул. „Партениј Зогравски” бр. 74а и бр.35б. во општина Центар, а од 12 до 14.45 часот и од ул.„Алекса Демниевски” подулици: 11, 13, 15, 17, 19, 21 и 23 во Ѓорче Петров.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, ако е доблесен, нека им се извини на граѓаните за целокупниот хаос во државата оставен од владеењето на СДС

ВМРО-ДПМНЕ над 20 години раководи со Град Скопје и општина Гази Баба, а денес вината за „Дрисла“ и „Вардариште“ ја бара во опозицијата

Во затворската ќелија на Нино Васев биле најдени три мобилни телефони