Утрински Весник
Спорт

Без милост! Сабаленка ја победи партнерката во двојки Мертенс за титула од Линц

Без милост! Сабаленка ја победи партнерката во двојки Мертенс за титула од Линц
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Белоруската тениска сензација, Арина Сабаленка стигна до својата втора титула во низа и трета во 2020, откако со 7:5/6:2 во финалето на Линц опен во Австрија ја совлада Елизе Мертенс, својата долгогодишна партнерка во двојки.

Сабаленка освои две титули на Острава опен во Чешка, во сингл и во двојки, токму со Мертенс, а бидејќи добро се познаваат немаше тајни на терените во Австрија. Ова е вкупно осма ВТА титула во кариерата на 22-годишната Сабаленка, со која првпат ќе влезе во топ 10 на ВТА листата на последниот турнир од тениската сезона.

> Без милост! Сабаленка ја победи партнерката во двојки Мертенс за титула од Линц <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата