Утрински Весник
Македонија

Без вода делови од општините Центар и Карпош

Утре без вода корисниците од „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и бул.„Борис Трајковски“

Скопје, 17 јуни 2020 (МИА) – Без вода денеска неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Центар и Карпош.

Од РЦУК по известување од ЈП Водовод и канализација информираа дека поради изведување водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул.„Васил Стефановски“ бр.30 од 9 часот до завршување на активностите без вода ќе останат корисниците од улиците „Васил Стефановски“, „Роза Луксембург“, „Петар Поп Арсов“ и „Костурски херои“, како и дел од корисниците од улиците „9 Мај“ и „Христо Смирненски“ во општината Центар.

Без вода утре во периодот од 08.30 до 13.30 часот ќе останат корисниците од ул. „Скупи“ – крак 1, 3 и 5 во општината Карпош. Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок од ф – 150 мм на ул.„Скупи“ б.б. рп/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“