Утрински Весник
Македонија

Без вода делови на Кисела Вода

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека утре, поради изведување водоводен приклучок ф-600 мм на улицата 1523/14 во Пинтија, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Борис Трајковски (од крстосницата со булеварот Србија до мостот пред Драчево и краковите 3, 5, 7, 9 и 11), с. Усје, населено место Каменик и дел од Пинтија. Можно е намалување на притисокот на водоснабдувањето во населбите Драчево, Батинци, Студеничани и Морани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување со работните активности (општина Кисела Вода).

dobivaj vesti na viber

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје