Утрински Весник
Спорт

Без бело знаме против Словенија – Македонија од 18 часот го игра првиот меч на ЕП

Без бело знаме против Словенија – Македонија од 18 часот го игра првиот меч на ЕП
Dik 300x250 mk

Вечерва во Словачка и Унгарија ќе започне 15. Европско првенство во ракомет. Дел од континенталниот собир, седми пат во историјата, ќе биде и репрезентацијата на Македонија.

ЕП во Словачка и Унгарија, ќе биде второ на кое учествуваат 24 селекции. Македонската репрезентација се наоѓа во група со најголемиот фаворит за златниот медал, Данска, односно Словенија и Црна Гора.

Македонија натпреварите ќе ги игра во Дебрецин. Вечерва од 18 часот, противник на избраниците на селекторот, Кирил Лазаров, ќе биде Словенија. Во истиот термин по два дена Македонија ќе игра против Црна Гора, а на 17.јануари од 20.30 часот на програмата е дуелот со Данска.

„Не излегуваме со бело знаме, сакаме да се најдеме во вториот круг. Тоа би бил огромен успех со оглед на групата која ја добивме. Подготвени сме да дадеме се, а дали тоа ќе биде доволно ќе видиме утре на теренот“, вели селекторот Лазаров.

Пласман во наредната фаза ќе изборат првите две селекции во групата.

Македонија против Словенија ќе биде комплетна, на последните тестирања, на коронавирусот, сите во нашиот тим беа негативни.

> Без бело знаме против Словенија – Македонија од 18 часот го игра првиот меч на ЕП <

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите