Утрински Весник
Македонија

Безбедносната состојба во Кичево стабилна, едно лице не го почитувало полицискиот час

Безбедносната состојба во Кичево стабилна, едно лице не го почитувало полицискиот час
Dik 300x250 mk

Кичево, 4 април 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 21 часот на 3 април до 7:00 часот на 4 април, едно лице во Кичево не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, иформира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој дададе дека во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

-Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Нема нови лица со решение за изолација. Полициските службеници извршија 86 контроли на угостителски објекти, посочи Димоски. рз/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара притвор за сите уапсени во вчерашната акција во АФПЗРР

Уште четири лица се уапсени со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?