Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Бајрактар и Шкријељ во Центар Жупа: Услугите од социјална и детска заштита ги доближивме до граѓаните

Бајрактар и Шкријељ во Центар Жупа: Услугите од социјална и детска заштита ги доближивме до граѓаните
300x250 opst2

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик-министерка, Санела Шкријељ заедно со градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим и директорот на Центарот за социјална работа, Крешник Пачуку ја посетија канцеларијатa за социјални работи во општината, соопштија од кабинетот на Шкријељ

-За граѓаните е важно што услугите од социјална заштита можат да ги добијат во местото каде што живеат. Канцеларијата во Центар Жупа е дел од мрежата канцеларии на чие отворање работевме заедно со општините во изминатите две и пол години. Ова е уште една од активностите насочени кон прилагодување на системот на социјална заштита на потребите на граѓаните. Сите граѓани имаат право на едноставен и достапен начин да побараат и добијат социјална помош или било кое друго право од системот на социјална заштита. Со социјалната реформа го променивме пристапот кон граѓаните и покажавме грижа за секој граѓанин подеднакво, рече Шкријељ.

Според градоначалникот Ибраим, за рурални општини како Центар Жупа многу е полесно за граѓаните кога канцелариите за социјални работи се што поблиску до нив и не мораат да патуваат до Дебар за да остварат права од социјална заштита.

Во општината Центар Жупа функционира и Центарот за ран детски развој, во дел од објектот на основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“. Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар посочи дека Центарот врши згрижувачка и воспитно-образовна дејност за 20 деца на возраст од три до шест години.

-Фокусот е на децата. Како Министерство за труд и социјална политика се заложивме што повеќе деца да бидат вклучени во градинки и центри за ран детски развој. Градинките не се само место каде децата се згрижуваат, тие се важен чинител во социјализацијата и едукацијата на децата. Ќе продолжиме со инвестирање во градинки и центри за ран детски развој, секаде каде има потреба, нагласи Бајрактар. сст/лв/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово