Утрински Весник
Свет

Бајден ќе се тестира за коронавирус

Бајден ќе се тестира за коронавирус

Демокатскиот кандидат за претседател на САД, 77-годишниот Џо Бајден, денес ќе биде тестиран за коронавирус, откако беше објавено дека Доналд Трамп е заразен.

Трамп и Бајден се сретнаа пред три дена на првата дебата пред претседателските избори во САД. Тие тогаш не се ракуваа и не носеа маски.

Бајден остро го критикуваше Трамп дека нема јасен национален план за справување со пандемијата. Поранешниот потпретседател, кој води во националните анкети еден месец до изборите, носи маска и избегнува големи собири.

Трамп, како и неговиот персонал, не носи редовно маска и честопати им се потсмева на луѓето што ја носат.

Сè уште не е познато како фактот што Трамп е позитивен на Ковид-19 ќе влијае на кампањата за претседателските избори во САД. Втората дебата со демократскиот кандидат Џо Бајден е закажана за 15 октомври.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност

ЕУ нема да биде членка на Одборот за мир на Трамп