Утрински Весник
Свет

Бајден ќе бара оставки од обвинителите именувани од Трамп

Бајден вети дека ќе заземе поцврст став кон Русија
Dik 300x250 mk

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го почне процесот на транзиција за американските обвинители именувани од американскиот лидер и чие назначување е потврдено од Сенатот, објави „Фокс њуз“.

Според некои извештаи, Министерството за правда на САД ќе побара од повеќето обвинители назначени од поранешниот американски претседател Доналд Трамп да си дадат оставка.

Сепак, федералниот обвинител на државата Делавер, Дејвид Вајс, кој ги истражува деловните активности на синот на американскиот претседател Хантер Бајден, нема да биде сменет од функцијата.

Обвинителот од Конектикат, Џон Дарам, ќе остане на позицијата специјален обвинител кој го истражува потеклото на истрагата за поврзаноста меѓу Трамп и Русија, но најверојатно ќе биде побарано од него да си даде оставка од функцијата државен обвинител.

На 7 јануари Бајден го назначи Мерик Гарланд за државен обвинител на САД. Државниот обвинител е одговорен за водење на Министерството за правда и истовремено координира голем број разузнавачки агенции, вклучувајќи го и Федералното биро за истраги (ФБИ).

Американскиот претседател во декември истакна дека нема да се меша во работата на Министерството за правда, истакнувајќи дека тоа „не е сопственост на претседателот, туку на народот“.

Процесот на промена на обвинителите ќе трае неколку недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно