Кандидатот за претседател на Демократите, Џо Бајден, ќе ја продолжи својата кампања во Мичиген, откако тестирањето потврди дека е негативен на коронавирус. Тој беше тестиран веднаш откако беше потврдено дека претседателот Доналд Трамп е заразен, но има лесни симптоми.
Бајден, кој се судри со Трамп во жестоката телевизиска дебата во вторникот вечерта, и неговата сопруга Џил се негативни на тестот за коронавирус, рече нивниот лекар.
Набрзо и самиот Бајден се огласи на Твитер: „Среќен сум што Џил и јас добивме негативен тест за корона. Ви благодарам на сите за загриженоста. Носете маски, држете се на дистанца и мијте ги рацете“, порача Бајден.
По објавувањето на резултатите, Бајден се упати кон Мичиген каде ќе ја продолжи кампањата.
Бајден претходно му посака на Трамп брзо закрепнување.