Утрински Весник
Свет

Бајден: Штетата од глобалното затоплување е 100 милијарди долари годишно

Бајден: Штетата од глобалното затоплување е 100 милијарди долари годишно
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

САД ја проценуваат штетата од глобалното затоплување оваа година на 100 милијарди долари, изјави американскиот претседател Џо Бајден во Њу Џерси.

„Само оваа година глобалното затоплување ни предизвика штета од 100 милијарди долари“, рече шефот на државата. То потсети дека во средината на септември го посетил Њу Џерси, кој беше погоден од ураганот Ајда, и дека верува оти катастрофата ги погодила САД поради климатските промени.

Бајден нагласи дека имало 24 екстремни временски настани во САД помеѓу 2010 и 2020 година.

Ураганот Ајда од четврта категорија ја погоди Луизијана на 29 август, оставајќи повеќе од милион потрошувачи без струја. Обилните дождови од ураганот предизвикаа поплави во сојузните држави Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми