Утрински Весник
Свет

Бајден се збогува со Боб Дол: „Тој беше човек на кој Американците му се восхитуваа“

Бајден се збогува со Боб Дол: „Тој беше човек на кој Американците му се восхитуваа“

Поранешниот републикански сенатор, повеќекратен претседателски кандидат, херој од Втората светска војна и голем пријател на Босна и Херцеговина, Роберт Боб Дол почина денеска на 98-годишна возраст. Веста за неговата смрт предизвика многу реакции, а се огласи и американскиот претседател Џо Бајден.

„Боб Дол беше човек на кој Американците му се восхитуваат. Имаше непогрешливо чувство за чесност и чест. Господ нека го благослови, а нашиот народ секогаш да се потпира на неговото наследство на пристојност, достоинство, добро расположение и патриотизам“, напиша Бајден на Твитер.

Можете да прочитате

Двојни цени за гориво: 2,6 евра за странци, 1,62 евра за Унгарци

Брод со хуманитарна помош пристигна во Куба

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа е дел од дипломатијата