Утрински Весник
Свет

Бајден сака повторно да се кандидира за претседател на САД

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер изјави дека актуелниот американски претседател Џо Бајден ќе се кандидира за втор мандат.

– Има нешто што се нарекува Hatch Act на кое морам да внимавам. Она што можам да го кажам е дека претседателот во неколку наврати кажа дека планира да се кандидира во 2024 година и тука морам да застанам – изјави портпаролката на Белата куќа.

Поранешниот главен советник на Барак Обама, Дејвид Акслерод, изјави за Њујорк Тајмс дека возраста може да биде најголемата пречка за Бајден да се кандидира повторно.

Инаку, Бајден, кој е роден 1942 година, во следната трка за претседател може да оди на 82 години.

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата