Утрински Весник
Свет

Бајден: Руската инвазија е геноцид

Бајден: Руската инвазија е геноцид

Американскиот претседател Џо Бајден за првпат вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил геноцид во Украина, додавајќи дека конечната одлука за тоа ќе ја донесат адвокати на меѓународно ниво.

„Да, го нареков геноцид, бидејќи станува се појасно дека Путин се обидува да ја избрише идејата дека е можно да се биде Украинец. Има се повеќе докази. Но, ние ќе ги пуштиме адвокатите на меѓународно ниво да одлучат дали тоа така ќе го квалификуваат или не, но мене така ми изгледа“, изјави Бајден.

Претходно, американскиот претседател, масакрот во украинскиот град Буча го нарече “воено злосторство”.

Бајден во Ајова го коментираше растот на цените на горивото и зголемената инфлација, која беше во САД на највисоко ниво во четири децении. Тој рече дека високата инфлација во неговата земја била предизвикана од војната што Русија ја води против Украина, и истакна дека американскиот Конгрес работи на намалување на тоа.

Можете да прочитате

Минимален сообраќај низ Ормуската Теснина во екот на војната во Иран

Ердоган вели дека Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

Хезболах: Ќе спречиме израелска окупација на јужен Либан