Утрински Весник
Свет
Img 7972

Бајден потврди: Убивме еден од водачите на ИСИС

Бајден потврди: Убивме еден од водачите на ИСИС
Img 7972

Американските специјални сили го убиле лидерот на Исламската држава во Сирија, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Синоќа, по моја наредба, американските воени сили во северозападна Сирија успешно презедоа антитерористичка операција со цел да го заштитат американскиот народ и нашите сојузници и да го направат светот побезбедно место. Благодарение на вештината и храброста на нашите вооружени сили, го отстранивме Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши од бојното поле“, рече Бајден, цитиран од Ројтерс.

Тој додаде дека сите Американци кои учествувале во оваа операција се вратиле безбедно.

Изјавата на Бајден дојде неколку часа откако Пентагон потврди рација насочена кон куќа во селото Атмех во сириската провинција Идлиб, во близина на турската граница. Локалните жители изјавиле дека неколку хеликоптери учествувале во операцијата и дека се слушнале експлозии и пукотници од митралези.

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври