Утрински Весник
Свет

Бајден назначи нов министер за здравство на САД

Бајден назначи нов министер за здравство на САД

Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден (62) го номинираше адвокатот од Калифорнија, Ксавиер Бекер, за министер за здравство, пренесува „Њујорк тајмс“.

„Ројтерс“ известува дека Бекер, кој е и поранешен конгресмен, ќе го преземе здравствениот сектор, кој се бори со зголемувањето на бројот на луѓе заболени од коронавирус, како и бројот на смртни случаи, кој надмина 2.000 во последните неколку дена.

Изборот на Бекер, кој има латиноамериканско потекло и беше и на други позиции, вклучувајќи ја и позицијата државен обвинител, следуваше по притисокот врз Бајден да внесе поголема етничка разновидност во неговиот кабинет, според британската агенција.

Меѓу тие притисоци беа и поплаките на пратеничката група на шпанскиот конгрес за недостаток на Латиноамериканци во федералната извршна власт, додава „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Путин му помага на Иран, а ние ѝ помагаме на Украина 

Унгарија нема да подлегне на притисокот од Украина за купување поскапа нафта

Мајка и тројца синови се во притвор поради експлозијата во американската амбасада во Норвешка