Утрински Весник
Свет

Бајден излезе од Белата куќа, првпат откако се зарази со ковид

Dik 300x250 mk

Aмериканскиот претседател Џо Бајден денеска ја напушти Белата куќа за првпат откако минатиот месец се зарази со коронавирусот и се упати во Делавер за да биде со неговата сопруга Џил Бајден.

dobivaj vesti na viber

Toj вчера беше негативен на Ковид-19, а неговиот лекар Кевин О’Конор изјави дека ќе продолжи да биде во изолација додека на следниот тест повторно не биде негативен.

Белата куќа денеска не соопшти дали американскиот претседател по втор пат бил негативен на Ковид-19 и не го објави новиот извештај на лекарот О’Конор.

„ Се чувствувам одлично“ изјави Бајден пред да се качи на хеликоптерот „Marine Van“ пред Белата куќа.

Се очекува дека Џо и Џил да го поминат денот на плажата Рихобот, популарна дестинација за одмор.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција