Утрински Весник
Свет

Бајден за активностите на Кина: „Загрижен сум“

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека не е загрижен за Тајван, туку дека е загрижен за Кина.

dobivaj vesti na viber

Бајден открил дека е загрижен за активностите на Кина во азискиот регион откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси беше во Тајван.

„Загрижен сум што тие се движат колку што се движат. Но, не верувам дека ќе направат нешто повеќе отколку што направија досега“, рече Бајден, пренесува Ројтерс.

Кинеската војска минатата недела почна со вежби во Тајванскиот теснец, по посетата на Ненси Пелоси на Тајван.

По вчерашното завршување на големите воени вежби околу Тајван со употреба на боева муниција, кинеската армија објави дека започнува нови вежби во морето и на небото околу тој остров.

Можете да прочитате

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!