Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Бајден го означува почетокот на новата ера во односите меѓу САД и блокот АСЕАН

300x250 opst2

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, на самитот во Вашингтон со лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) го означи почетокот на „новата ера“ во однос на блокот од десет нации.

Бајден рече дека голем дел од историјата на светот во следните 50 години ќе биде напишана во земјите на АСЕАН и дека односот меѓу Соединетите Држави и блокот е иднината за годините што доаѓаат.

Инаку, дводневниот самит во Вашингтон е првиот самит на кој се собраа лидерите на АСЕАН и нивна прва средба чиј домаќин е претседателот на САД од 2016 година.

Пред Бајден, американскиот потпретседател Камала Харис рече дека Соединетите Држави ќе останат во регионот со генерации и ја истакна потребата да се задржи слободата на морето, што Вашингтон рече дека Кина го оспорува.

Патем, блокот АСЕАН го сочинуваат Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.

Претседателот на САД вчера назначи нов амбасадор во АСЕАН, Јоханес Абрахам, шеф на кабинетот на неговиот Совет за безбедност, пренесе Дневен аваз.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори