Утрински Весник
Економија

Бачовски: Исплатени субвенциите за лозарите

Бачовски: Исплатени субвенциите за лозарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека на 14.113 лица кои одгледуваат лозови насади им се исплати вкупно 550.741.044 денари.

Станува збор за исплата на мерките: „директни плаќања за оддржување на лозови насади“ како и „директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања во последните три години“. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, информира дека субвенциите за лозарите се веќе на нивните сметки.

„ Парите за лозарите ги исплаќаме пред празникот „Свети Трифун“ кога и официјално почнуваат активностите околку производство на нова реколта на домашно грозје и вино. Наше е да обезбедиме поволни услови и средства кои ќе помогнат во намалување на производните трошоци. На лозарите останува да дадат се од себе да произведат квалитетно грозје од кое ќе може да се произведе и добро вино“ информира директорот Бачовски.

Сите кои се стекнале со право за користење на финансиска поддршка, во еден ден и без никаква селекција ги добиваат средствата кои им следуваат, додаваат од агенцијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија и отсуството на култура на пари

Германските компании речиси ги преполовија своите инвестиции во САД откако Трамп се врати на власт

Азески: За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение