Утрински Весник
Свет

Бачелет: Русија со репресивни закони ги сузбива критиките

Бачелет: Русија со репресивни закони ги сузбива критиките
Dik 300x250 mk

Можностите за критикување на јавните политики во Русија, особено во однос на Украина, се стеснуваат, бидејќи 12.700 луѓе беа незаконски приведени за време на неодамнешните антивоени протести, изјави високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет.

„Останувам загрижена за употребата на репресивно законодавство што го попречува остварувањето на граѓанските и политичките права и го криминализира ненасилното однесување“, рече Башелет во видеообраќањето до Советот за човекови права во Женева.

Таа рече дека „нејасните и премногу широки дефиниции“ на екстремизмот и поттикнувањето омраза во Русија доведоа до правни толкувања кои не се во согласност со нејзините обврски за човекови права.

„Новите закони што ги криминализираат актите на ‘дискредитација’ на вооружените сили продолжуваат на овој загрижувачки начин“, додаде Бачелет.

Русија усвои закон со кој се предвидува затворска казна до 15 години за лица кои намерно шират лажни информации за руските вооружени сили, објави претходно руската агенција ТАС С.

Можете да прочитате

Нема враќање на средствата на „Лукоил“, дури и ако санкциите се укинат

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште