Ќе ги поништиме антимакедонските договори со Грција и Бугарија и ќе направиме реален попис оти мора да се преброиме, истакна Јанко Бачев од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” кој денеска е во Росоман, Кавадарци и Неготино.
„Македонија ќе ја уредиме како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на сите национални малцинства во државата. Службен јазик во РМ ќе биде македонскиот со неговото кирилско писмо и за таа цел се поништи и Законот за двојазичност“, рече Бачев.
Тој говореше за нивната определба највисоките три државни функции – претседател на Влада, претседател на држава, претседател на Собрание да ги водат Македонци кои се православни.
„Зошто го велам ова? Ние во 2017 имавме една поразителна ситуација во која трите државни функции не ги водеше Македонец и православен. Ѓорѓе Иванов не е Македонец а е православен, Зоран Заев е Македонец, а не е православен, Талат Џафери не е православен и не е Македонец. Од тука ние ја промовираме таа идеја како во сите нормални земји како што е денеска. Да го споменам примерот со Англија, таму нивните безбедносни сили МИ6 и МИ5 прават проверки до трето колено за кандидат за премиер кој мора да биде Британец. Значи како во сите нормални држави, посебно во монархиите ние ја застапуваме оваа идеја во иднина трите државни функции да ги води Македонец и да биде православен. Да не бидам погрешно разбран ова не е некој шовинистички излив во сите останати функции на власта можат да бидат и Турци, Албанци, Власи, Срби, Бошњаци сите останати малцинства“, рече Бачев.
https://www.youtube.com/watch?v=6hcAw1IjAac
Тој порача дека ова се историски избори и своевиден референдум бидејќи народот ќе каже дали ќе се зацементира бришењето на се што е македонско од оваа власт и ќе победат националните патриотски сили на Македонија кои што ќе ја вратат на изворните атомски илинденски определби.
„Ги повикувам граѓаните масовоно да гласаат за нашата колаиција. Освен стратешките определби исто така имаме предвидено 1066 мерки во социјално економската сфера. Ние ќе направиме ревизија и враќање на украденото во криминалната пост приватизација. Се сеќавате во 90-те десетина транзициски бандити го украдоа целото општествено богаство кои што години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. ВМРО ДПМНЕ од 2006-2016 во таа пост приватизација грабежот го продолжи. Во изминативе 30 години во позиција од власт се украдени некаде околу 15 милијарди вера. Сето тоа мора да се одземе и конфискува. Ќе воведеме минимум 10 години затворска кражба за буџетски пари а сериозно размилсуваме да ја вратиме и смртната казна за сторени тешки дела против народниот имот. Ќе ги укиниме приватните извршители, исто така ќе направиме ревизија и на лихварскиот банкарски систем кој што во моментов немилосрдно го краде народот. Сето тоа се економски бројки како што спомнав во вкупна бројка од 1066“, додад Бачев.