Утрински Весник
Спорт

Бартомеу: Ќе изгубиме 6 милиони евра заради натпреварот со Наполи, но тоа не е важно

Шефот на Барса за Атлетико: Не можат да докажат ништо

Барселона, 10 март 2020 (МИА) – Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу ја коментираше денешната одлука на каталонските власти за одржувањето на реваншот од осминфиналето од Лигата на шампионите против Наполи пред празни трибини на „Камп Ноу“ заради епидемијата на коронавирус.

– Пред се, би сакал да кажам дека здравјето и соработката со здравствените власти се пред сè и најважно нешто. Потоа следува делот каде има економска загуба не само за Барса, туку и за секој клуб што треба да игра зад затворени врати. Во овој случај, може да биде околу 6 милиони евра, но повторувам дека не е важно. Утринава имавме состанок со окружната влада и имаше многу силна препорака да се игра пред празни трибини. Длабоко жалиме што тоа ќе влијае на членовите на клубот, навивачите и фудбалскиот свет. Но, ние веруваме дека доживуваме вонредна состојба, рече Бартомеу.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026