Утрински Весник
Спорт

Барселона се откажа од Вилијан

Челзи отфрли понуди од Барса и Атлетико за Вилијан

Барселона, 9 април 2020 (МИА) – Барселона одлучи да не потпишува договор со напаѓачот на Челси, Вилијан, кој ќе стане слободен агент летото 2020 година.

Според шпанскиот портал „Sport.es“, агентот на 31-годишниот Бразилец, Киа Јурабјан се обратил во каталонскиот клуб, но бил одбиен.

Вилијан сака тригодишен договор, а во Барса не се согласуваат со овој услов.

Исто така, Каталонците не се согласуваат да му ја исплаќаат на Бразилецот платата што тој ја посакува, сметајќи ја за премногу висока.

Оваа сезона, до прекинот, Вилијан има седум голови и шест асистенции на 37 натпревари за Челси. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трамп го нарече „шлаканица во лицето“ за САД шоуто на полувремето на Супербоул

ЗОИ 2026: Норвешка лидер на листата медалисти

Релиќ со нов бронзен медал од Инсбрук, Австрија