Утрински Весник
Спорт

Барселона отпадна, Арсенал и Тотенхем во трка за Рафиња

Најдобриот играч на Лидс Јунајтед, Бразилецот Рафиња, со гол во последното коло го спаси неговиот тим од испаѓање од Премиерлигата, но се чини дека самиот си го „уништи“ трансферот во Барселона.

Доколку Лидс испаднеше, автоматски ќе се активираше клаузулата од 25 милиони евра која Барселона имаше намера да ја плати. Сега Лидс Јунајтед бара над 50 милиони евра за да го продаде, а иако Барса се повлекува, во трката влегоа Арсенал и Тотенхем.

Рафиња е еден од најдобрите играчи во англискиот шампионат и би можел да биде важна алка и во двата тима.

Рафиња стана стандарден репрезентативец на Бразил и би сакал да се пресели во поголем клуб пред Светското првенство во Катар.

> Барселона отпадна, Арсенал и Тотенхем во трка за Рафиња <

Можете да прочитате

Косовските репрезентативци наградени со 500.000 евра пред дуелот со Турција

Вардар нема да наплаќа билети за дербито со ГРК Охрид

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција