Утрински Весник
Спорт

Барселона на преговори со Антонио Рудигер

Барселона на преговори со Антонио Рудигер
Dik 300x250 mk

Германскиот репрезентативец Антонио Рудигер е пред трансфер во Барселона, откриваат каталонските медиуми. Неговиот агент вчера имал преговори со раководството на Барса и се очекува од лето да се пресели на „Камп Ноу“. За него се интересираа и Реал Мадрид, Баерн Минхен и Јувентус, но очигледно дека каталонскиот клуб тргна во конкретна акција.

Рудигер одби неколку понуди од Челси, кој сега има стеснет простор за маневрирање поради санкциите кон Роман Абрамович, па германскиот дефанзивец одлучи да ги слушне понудите од другите клубови, а најблиску е до трансфер во Барселона.

Неговиот агент Сар Сенеси е снимен во Барселона каде вчера се сретнал со Алемани и неговиот заменик Жорди Кројф, а тајните разговори траеле речиси три часа.

Рудигер со Челси ги освои Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, Лигата на Европа, Светското клупско првенство и два трофеи од ФА Купот, а член на „сините“ е од 2017 година кога дојде од Рома. Играше и за Штутгарт во Бундеслигата.

> Барселона на преговори со Антонио Рудигер <

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа