Утрински Весник
Спорт

Барселона најавува два големи трансфери

Барселона најавува два големи трансфери

Барселона се подготвува за зимскиот преоден рок. Почетокот на сезоната, им покажа на сите во клубот, дека со овој ростер не можат да се надеваат на успешни резултати.

„АС“, пишува дека претседателот Џоан Лапорта, има намера да го засили тимот со двајца фудбалери. Барселона ќе се обиде да ги донесе Рахим Стерлинг и Дани Олмо. Лошата финансиска ситуација може да биде проблем за реалзиацијата на овие трансфери.

Според овој извор, Барселона ќе се обиде да ги донесе овие фудбалери на позајмица, а по завршувањето на сезоната за преговара за откуп на нивните договори.

Стерлинг има договор со Манчестер сити до 2023 година, но оваа сезона не игра многу. Доаѓањето на Џек Грилиш влијаеше врз неговиот статус во тимот.

Олмо е играч на Лајпциг со откупна клаузула од 75 милиони евра. Тој е дете на Барселона и според некои медиуми има голема желба да се врати во клубот.

> Барселона најавува два големи трансфери <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија