Утрински Весник
Спорт

Барселона и Лион го договориле трансферот на Депај

Барселона и Лион го договориле трансферот на Депај

Барселона до крајот на оваа недела ќе го официјализира трансферот на Мемфис Депај од Олимпик Лион. Фудбалерот ги договорил личните услови, а синоќа и клубовите постигнале договор околу трансферот.

Барселона за Депај ќе издвои 32.000.000 евра, од кои 25.000.000 евра ќе пати веднаш, 5.000.000 евра Лион ќе добијат наредната година, а уште 2.000.000 евра францускиот клуб може да заработи преку бонусите.

Депај со Барселона ќе потпише договор до 2024 година.

> Барселона и Лион го договориле трансферот на Депај <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата