Утрински Весник
Спорт

Барселона губи 3,3 милиони евра за секој неодигран натпревар на „Камп Ноу“

Барса и Реал предлагаат „Ел Класико“ да се игра на 18 декември
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона, 18 април 2020 (МИА) – Шпанскиот печат ги пресмета загубите на Барселона поради пандемијата на коронавирус и неодиграните натпревари на „Камп Ноу“.

Според „Марка“, каталонскиот клуб губи 3,3 милиони евра за секој неодигран натпревар на својот стадион. Ова главно вклучува пари што се заработени од билети, така што при одржување на натпревари без гледачи, загубите ќе останат приближно на оваа сума.

Така, Барселона ќе загуби од 20 до 25 милиони евра на крајот на оваа сезона. Затворањето на „Камп Ноу“ доведува до загуби и поради затворањето на музејот на клубот и клупската продавница. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk