Утрински Весник
Спорт

Барселона го проценува Кутињо на 90 милиони евра

Кутињо: Не знам дали повторно ќе играм за Барса

Барселона, 8 април 2020 (МИА) – Раководството на шпанскиот фудбалски шампион Барселона го процени играчот од средниот ред Филипе Кутињо на 90 милиони евра, објави „Sport.es“.

Според изворот, каталонскиот клуб е подготвен да се раздели со 27-годишниот Бразилец токму за оваа сума.

Каталонците немаат намера да ја намалат цената, затоа што сакаат да избегнат финансиски загуби.

За Кутињо се заинтересирани неколку клубови во Премиерлигата кои сакаат да го изнајмат фудбалерот. Барселона е подготвена да го пушти играчот, но со задолжителен откуп.

Кутињо ја поминува сезоната 2019/20 на позајмица во Баерн, која има можност да го откупи неговиот договор за 120 милиони евра, но германскиот клуб не планира да ја активира оваа опција.

Бразилецот настапи на 32 натпревари за екипата од Минхен, постигна девет голови и осум асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мурињо ги отфрли гласините за Роналдо во Фенербахче

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП