Утрински Весник
Спорт

Барселона го отпушти Роналд Куман

Барселона го отпушти Роналд Куман

Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона. Холанѓанецот доби отказ по поразот од Рајо Ваљекано. Барселона, синоќа, загуби на „Ваљекас“ со 1:0. Отказот на Куман му го „потпишаа“, стрелецот на голот Радамел Фалкао и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој му одбрани пенал на Мемфис Депај, во финишот на натпреварот.

Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, му го врачил отказот на Куман, веднаш по поразот во Мадрид. Барселона од почетокот на сезоната има пет порази во сите натпреварувања. Три од нив се во Примера, два во Лигата на шампионите.

Барселона во Примера се наоѓа на деветтото место со 15 поени.

Куман ја предводеше Барселона од август 2020 година, на 67 натпревари забележал 40 поебеди и 16 порази, а 11 пати тимот одигра нерешено.

Барселона со него на клупата освои само еден трофеј, Купот на Кралот.

> Барселона го отпушти Роналд Куман <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина