Утрински Весник
Спорт

Барса ќе испрати понуда за Фојт

Dik 300x250 mk

Барселона ќе испрати официјална понуда за десниот бек на Виљареал Хуан Фојт. Новинарот Жерар Ромеро, објави дека „блауграна“ за Аргентинецот сака да плати 30.000.000 евра со дополнителни бонуси.

dobivaj vesti na viber

Фојт има договор со „жолтата подморница“ до 2026 година, откако минатата година беше купен од Тотенхем за 15.000.000 евра.

Доколку Виљареал ја прифати понудата и Фојт се пресели во Барселона, тоа значи дека „Камп Ноу“ ќе мора да го напушти Американецот, Сержињо Дест.

Наводно за Дест интерес покажува Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат околу 20.000.000 евра за поранешниот играч на Тен Хаг од Ајакс.

Позицијата десен бек на ждрепката на отворањето на сезоната против Рајо Ваљекано ја покри природниот стопер Араухо, со Серхи Роберто како негова алтернатива.

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони