Утрински Весник
Спорт

Барса се уште не ги регистрирала Кеси и Кристенсен

Франк Кеси и Андреас Кристенсен пред неполни 48 часа официјално беа претставени како нови играчи на Барселона. На „Камп Ноу“, овие двајца дојдоа како слободни играчи, односно клубот не плати ништо за нивните трансфери.

dobivaj vesti na viber

Кеси и Кристенсен ја зафолжија опремата на Барселона, но тие се уште не се регистрирани како играчи на славниот клуб. Причината е позната, поради финансиските проблеми Барселона мора да продава играчи или уште еднаш да ги им ги намали платите фудбалерите за да може да ги регистрира оние што ќе дојдат во клубот. Слични проблеми клубот имаше и минатото лето.

Намалувањето на платите и овозможи на Барса да регистрира нови играчи минатата година, но тешко е да се очекува дека тоа ќе ги спаси и овој пат. Поради тоа се очекува Барса да продаде неколку играчи, чија цена на фудбалскиот пазар не е поголема од 10 милиони евра и еден играч чија вредност се проценува на повеќе од 60 милиони евра, најверојатно тоа ќе биде Френки де Јонг.

Се додека не го направи тоа, Барселона нема да може да регистрира нови засилувања, како што веќе е случајот со дуото кое оваа недела пристигна на „Камп Ноу“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина