Утрински Весник
Спорт

Барса се прошета низ Билбао – Каталонците стигнаа до третото место

Барса се прошета низ Билбао – Каталонците стигнаа до третото место
Dik 300x250 mk

Барселона победи на „Сан Мамеш“ во Билбао со 3:2, во одложениот натпревар од второто коло во Ла Лига. Со оваа победа Барса скокна на третото место на табелата, со седум бода помалку од Атлетико и пет од Реал. Барса и Реал имаат одиграно два натпревари повеќе од Атлетко.

Натпреварот започна идеално за Атлетик, преку Инаки Вилијамс во третата минута го отворија резултатот.

Барселона потоа го крена нивото на играта, започна со континуирани напади, а по две грешки и лоши проценки на голманот Симон, најпрвин Педи израмни во 14., а потоа на асистенција на овој играч Меси во 38.минута направи целосен пресврт.

Аргентинецот во 62.минута, по додавањето од Гризман постигна уште еден гол, негов деветти во првенството и го реши прашањето околу победникот.

Конечниот резултат го постави Муниани во 91.минута.

Атлетик со деветтиот пораз останаа на деветтото место со 21 поен но и натпревар повеќе од конкурентите.



> Барса се прошета низ Билбао – Каталонците стигнаа до третото место <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата