Барселона, 1 јуни 2020 (МИА) – Управата на шпанскиот шампион Барселона постави цена од 40 милиони евра за нивниот дефанзивец Нелсон Семедо, пишува „Диарио Спорт“.
Португалскиот десен бек го избрал Манчестер Сити пред Јувентус и Интер, кои исто така покажуваат интерес.
Сепак, „Камп Ноу“ инсистираат на одредена сума и не сакаат размена со друг играч. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола сака да се раздели со уште еден португалски крилен играч, Жоао Кансело.
Со парите, Барса сака да собере средства за да може да финансира дел од договорот за Лаутаро Мартинез.
Од „Камп Ноу“ очекуваат да постигнат договор со Интер за 50-60 милиони евра плус двајца играчи.