Утрински Весник
Спорт

Барса обезбеди кредит од 500 милиони евра, ќе ги плати долговите!

Барса обезбеди кредит од 500 милиони евра, ќе ги плати долговите!

ЕСПН тврди дека Барселона под водство на новиот претседател Жоан Лапорта обезбедила кредит од 500 милиони евра од банката „Голдман Сакс“, од кои 100 милиони евра ќе пристигнат веднаш за да може да им се исплатат неисплатените плати на фудбалерите.

Како и повеќето големи европски клубови, Барса се мачи со проблеми со финансиите поради пандемијата на Ковид-19 и беа потребни средства за да се осигури иднината, нешто што Лапорта успеал да го добие од американската инвестициска банка.

Според ЕСПН, ситуацијата со платите во тимот била толку лоша што некои од фудбалерите биле подготвени да одат до Шпанската фудбалска федерација и до ФИФА.

Долгот на Барселона сега е фантастични 1,2 милијарда евра!

> Барса обезбеди кредит од 500 милиони евра, ќе ги плати долговите! <

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига