Утрински Весник
Спорт

Барса им ги нуди на Тотенхем, Умтити и на Семедо во замена за Ндомбеле

Барса им ги нуди на Тотенхем, Умтити и на Семедо во замена за Ндомбеле

Барселона, 24 април 2020 (МИА) – Барселона е заинтересирана за играчот од средниот ред на Тотенхем, Танги Ндомбеле. Според „Скај Спортс“, каталонскиот клуб има намера да вклучи играчи во договорот поради финансиски проблеми што клубот ги доживува против пандемијата на коронавирус.

Според изворот, зад Ндомбеле, Барселона им ги понудила на премиерлигашот одбранбените фудбалери Самуел Умтити и Нелсон Семедо.

Не е познато дали тренерот на Спарси, Жозе Мурињо, сака да ги види овие играчи во  својот тим.

Претходно беше објавено дека Тотенхем е заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Артур.

Оваа сезона, Ндомбеле одигра 19 натпревари во Премиерлигата за Тотенхем, постигна два гола и оствари две асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот