Утрински Весник
Спорт

Барса го уништи камбекот на Хезоња, Химки по 17 порази со триумф над Реал

Барса го уништи камбекот на Хезоња, Химки по 17 порази со триумф над Реал

Со само двајца „странци“, Химки неверојатно успеа да стигне до 78:77 победа над Реал Мадрид, откако Алексеј Швед со положување го донесе рускиот клуб до водство, а одбраната потоа го спречи Фабиен Касер во последниот напад во мечот.

Оваа победа доаѓа по 17 евролигашки порази за Химки, а најзаслужен е Швед со 22 поени, по што следуваа двајцата странци, Ерик Меккалам со 22 и Џордан Мики со 19 поени. Химки имаше седум предност на полувреме (45:38), но Реал израмни на 62:62 на крајот на третата четвртина. Ова е прва победа на преодниот тренер на клубот кој се наоѓа во голема криза, Андреј Малцев.

Во Атина пак, Марио Хезоња го одигра својот прв евролигашки меч по речиси шест години по потписот за Панатинаикос, но до победата стигна неговиот поранешен тим, Барселона со 85:77.

Никола Миротиќ даде 13 од своите 25 поени во првата третина за да ги донесе Барса до рано водство, додека Ник Калатес, во првиот меч против својот поранешен клуб, имаше 9 поени, 4 асистенции и 4 скока. Хрватот Хезоња, пак беше најдобар во ПАО со 21 поен.

ЕВРОЛИГА, 27.КОЛО

Химки – Реал Мадрид 78:77 (17:18, 28:20, 17:24, 16:15)

Зенит Санкт Петерсбург – Алба Берлин 87:71 (23:24, 20:24, 25:19, 19:4)

Анадолу Ефес – Валенсија 99:83 (18:23, 28:17, 22:18, 31:25)

Жалгирис Каунас – Асвел Лион 85:75 (17:20, 23:22, 27:15, 18:18)

Панатинаикос – Барселона 77:85 (17:26, 22:21, 11:12, 27:26)

Макаби Тел Авив –ЦСКА Москва 80:84 (23:23, 10:28, 19:17, 28:16)

Црвена звезда – Баерн Минхен 76:78(10:15, 25:16, 22:19, 19:28)

> Барса го уништи камбекот на Хезоња, Химки по 17 порази со триумф над Реал <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига