Утрински Весник
Спорт

Барса ги нуди Семедо, Видал и 70 милиони евра за Лаутаро Мартинез

Барса ги нуди Семедо, Видал и 70 милиони евра за Лаутаро Мартинез

Барселона, 3 март 2020 (МИА) – Нелсон Семедо, Артуро Видал и уште 70 милиони евра е понудата на Барселона кон Интер за Аргентинецот, Лаутаро Мартинез во кого на „Камп Ноу“ гледаат наследник на Луис Суарез.

Мартинез пристигна во Интер во 2018 година од Расинг Клуб и во тековната натпреварувачка сезона е една од клучните алки во играта на „нероазурите“.

Договорот на Мартинез со Интер е до 2023 година и во него има откупна клаузула на 111 милиони евра. Неговото можно заминување од Милано го следат Јунајтед и Сити, меѓутоа според пишувањата на шпанските медиуми, предност има Барселона. сѓд/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата

Медведев го победи Алкараз и ќе се соочи со Синер во финалето на Индијан Велс